HEMOFARM Витамин АД перорални капки
Опис на производот
Витамин АД перорални капки е комбинација на витамините А и Д. Пероралните капки се користат за превенција (спречување) на состојби што се карактеризираат со дефицит на витамин А или Д. За лекување дефицит на витаминот А, како и на витаминот Д, задолжително обратете се кај Вашиот лекар.
Пакување: 10 мл
Содржина
Состав: retinol/ergocalciferol (22522 IE/5000 IE)/ 1 ml.
Начин на употреба:
Перорална употреба. Препорачливо е лекот Витамин АД да се употребува со оброкот (во лажичка топло млеко или на парче леб). Вашиот лекар ќе ја одреди соодветната доза и должината на употреба на лекот.
Профилактички дози:
- За деца до 6 месеци: 1 капка на ден, само по препорака на педијатар
- За деца од 6 месеци до 5 години: 2 капки на ден
- За постари деца и возрасни: 2-3 капки на ден
- За трудници и доилки: 2-3 капки на ден, само по препорака на лекар
- За постари лица од 60 години: 3-4 капки на ден
- 1 мл од овој лек содржи 30 капки
При подолготрајна употреба на лекот, треба да се обрати внимание на знаците на хипервитаминоза А и Д. Препаратите што ги содржат витамините А и Д не би требало да се земаат подолго од 4 до 6 недели (за профилактички цели, состојби на исцрпеност и реконвалесценција).