MEDITRINA Лактиферон плус, 20 таблети

Meditrina Hellas Lactiferon Plus laktiferon
MEDITRINA Лактиферон плус, 20 таблети
929,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049311C
favorite_border

Опис на производот

Meditrina Lactiferon® plus е граничен производ кој содржи лактоферин, бета-каротен, аскорбинска киселина, железо бис-глицинат (Ferrochel®), L-метилтетрахидрофолна киселина (Quatrefolic®) и метилкобаламин.

Lactiferon® plus се употребува за обновување на хомеостазата на железото и зајакнување на имунитетот во текот на бременоста и доењето, кај жени од сите возрасти, кај жени спортисти и кај деца.

Пакување: 20 таблети.

  • Лактоферин:

Лактоферинот е протеин на кравјото млеко, но и на човечкото мајчино млеко. Колострум во дојките е невообичаено богат со лактоферин. Исто така е природна компонента на солзите, плунката, на назалните секрети, на ензимите од жолчката и панкреасот, како и на белите крвни клетки. Истражувањата покажале дека лактоферинот ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем и штити од инфекции.

Лактоферинот е еден од најважните регулатори на хомеостазата на железото. Неодамнешните клинички студии, покажаа дека лактоферинот може да биде корисна алтернатива на препаратите  на железо.

Во голем број студии кај бремени жени, кај жени спортисти и кај деца, се покажало дека лактоферинот  е поефикасен во обновувањето на хомеостазата на железото и е подобро се толерира  од другите препарати  на железо.

  • Железо бис-глицинат:

Според EFSA: "Железо бис-глицинатот се состои од една молекула на железо и две молекули на амино киселината глицин. По орална употреба, железо бис-глицинатот поминува непроменет во цревата, каде што се хидролизира во двовалентно железо и глицин. Настанатиот глицин природно се метаболизира заедно со другите аминокиселини од храната. Бројни студии покажаале дека железо бис-глицинатот подобро се апсорбира и има значително повисока биорасположивост од железо сулфатот.

  • Аскорбинска киселина:

Аскорбинска киселина (витамин Ц) е најсилниот активатор на апсорпцијата на не-хем железото. Бројни студии покажале значајно и повторено дејство на аскорбинската киселина во зголемувањето на апсорпцијата на не-хемично железо.

Се смета дека со додавање на 50 мг на аскорбинска киселина во исхраната се зголемува апсорпцијата на железо во иста мера како што ја зголемуваат апсорпцијата на железо 90-100 г месо или дуплирање на концетрацијата на железо во прехранбените производи збогатени со железо сулфат. Аскорбинската киселина ја зголемува апсорпцијата на железо како од храната така и од  додатоците на железо. Исто така, аскорбинската киселина во голема мера го намалува ефектот на сите познати инхибитори на апсорпција на не-хем железото како растителната киселина, полифенолите, калциумот, разните растителни влакна и некои протеини  од храната. Аскорбинската киселина е ефикасна само кога се зема истовремено со храната или со додатоците на железо. Според една компаративна студија, кога 500 мг на аскорбинска киселина се зема со оброк шесткратно ја зголемува апсорпцијата на железо, а истата количина на аскорбинска киселина нема ефект кога се зема неколку часови пред истиот оброк.

  • Бета-каротен:

Бета-каротенот е претходник на витаминот А. Извори на витаминот А се месото, јајцата, млекото и млечните производи, додека извори на бета-каротенот се зелениот лиснат зеленчук (како спанаќ и зелена салата) и жолтите или портокалови зеленчуци и овошја (како што се морковите, праските и кајсиите). Меѓу каротеноидите, бета-каротенот покажува највисок процент на конверзија во витамин А. Бета-каротенот се претвора во витамин А, главно во цревата. Процентот на бета-каротен кој ќе се претвори во витамин А зависи од постоечките нивоа на витамин А во организмот. Ако организмот има доволни нивоа на витамин А, конверзијата на бета-каротинот е намалена. Бета-каротенот претставува безбеден извор на витамин А и висок внес на бета-каротен од исхраната не доведува до зголемувања, надвор од нормалните, нивоа на витамин А. Неколку пати беше прикажано дека при недостаток на витамин А, нивоата на витамин А во организмот не се засегнати со апсорпција на бета-каротен. Голем број на клинички студии покажале дека истовремената употреба на витамин А и железо може да ги подобри хематолошките индекси повеќе од монотерапија со суплементи на железо.

  • Л-метилтетрахидрофолна киселина:

Природниот фолат (витамин Б9) е особено корисен во раните фази на човечкиот развој. Недостатокот на витамин Б9 за време на бременоста е поврзан со малформации на неуралната туба на фетусот. Витаминот Б9 е исто така важен за здрави црвени крвни клетки. Недостатокот на витамин Б9 е одговорен за појавата на мегалобластна анемија.

Мегалобластната анемија се карактеризира со понизок од нормалниот број на црвени крвни клетки, кои во исто време се појавуваат како невообичаено големи, незрели и дисфункционални.

  • Кобаламин:

Кобаламин (витамин Б12) е витамин растворлив во вода, кој е од суштинско значење за производство на здрави црвени крвни клетки, за нормална функција на мозокот и на нервниот систем и за синтеза на ДНК на клетките. Извори на витамин Б12 се месото, јајцата, млекото и млечните производи. Покрај недостатокот на фолна киселина, мегалобластна анемија може да предизвика и недостатокот на витамин Б12. Исхраната богата со Б12 и со природен фолат е всушност најдобриот начин за спречување на мегалобластната анемија. Кобаламинските додатоци ретко се неопходни во бременоста. Резервите на Б12 во црниот дроб обично се толку доволни што е тешко да се развие дефицит на Б12 кај развојниот фетус. Сепак, додатоци во исхраната кои содржат кобаламин веројатно е дека ќе бидат корисни, бидејќи некои жени во текот на бременоста избегнуваат месо и ја следат вегетаријанската исхрана . Исто така, употребата само на фолна киселина е доволно за да се корегира или спречи мегалобластната анемија. Но, во случај на еден посебен тип на мегалобластна анемија, пернициозна анемија, фолатот може да ја корегира анемијата, но не може да ги корегира невролошките симптоми кои коегзистираат. Како што се подобрува хематолошката слика на пациентот, може да изостане потребното внимание за влошувањето на невролошките симптоми, бидејќи тие не се третираат со фолати. Така, во некои случаи монотерапија со фолати може да доведе до влошување на невролошките симптоми или дури до дегенерација на нервниот систем. Соодветен третман на пернициозната анемија е употреба на високи дози на витамин Б12. Поради тоа, вообичаено е кога се употребува фолна киселина за лекување на анемија да се употребува истовремено и витамин Б12, со цел да се заштити нервниот систем во случај на недијагностицирана пернициозна анемија.

Содржина

Состав: Состојки со физиолошка активност: Секоја Lactiferon® plus таблета содржи: 100 мг лактоферин, 2.6 мг бета-каротен, 160 мг аскорбинска киселина (200% Препорачана дневна доза), 125 мг Ferrochel® (еквивалентно на 25 мг бивалентно железо, 178% ПДД), 624 мкг Quatrefolic® (еквивалентно на 600 мг синтетичка фолна киселина, 300% ПДД) и 9 мкг метилкобаламин (еквиваленто на 9 мкг цијанокобаламин, 360% ПДД).

Помошни супстанции: Калциум дихидроген фосфат, магнезиум стеарат, глицерол, талк, титаниум диоксид, HPMC.

Обвивка: Sepifilm®. Lactiferon® plus таблетите се гастрорезистентни со цел железото, но и другите состојки да се ослободуваат во цревата.

Дозирање: Дозата на Lactiferon® plus е 1 таблета дневно. Lactiferon® plus треба да се зема непосредно по главниот оброк во денот (на пр. во рок од 15 минути), со цел да се зголеми апсорпцијата на не хем- железото од храната, но и содржината на препаратот со железо (Ferrochel®).

Мерки на претпазливост: Lactiferon® plus содржи лактоферин, протеин изолиран од кравјото млеко. Не треба да се употребува во случај на алергија или нетолеранција кон кравјо млеко. Lactiferon® plus треба да се употребува во комбинација со соодветна и урамнотежена исхрана. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Консултирајте се со Вашиот лекар доколку примате терапија со лекови или имате здравствени проблеми. Консултирајте се со Вашиот лекар доколку сте бремени или доите, пред да го употребите граничниот производ.

Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се ​​чува на ладно и суво место.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се