ALKALOID Collacare Течен колаген, 500 мл

ALKALOID Collacare Течен колаген, 500 мл
2.500,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048404C
favorite_border

Опис на производот

  • Течен колаген со вкус на јагода и праска

Колагенот е составен дел на многу ткива во човечкото тело, вклучувајќи ги коските, р’скавиците, кожата, тетивите, крвните садови, непцата и забите, и е неопходен за одржување на нивната нормална структура и функција.

Хијалуронската киселина, исто така, е значаен составен дел на сврзните ткива, на епителните ткива и на кожата, за одржување на нивната еластичност. Застапена е во синовијалната течност која служи за подмачкување на зглобовите. Комбинацијата на витамини и минерали е додадена со цел да се збогати составот и да се дополни дејството на производот.

Витамин Ц – придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на коските, р’скавицата, кожата, на непцата и на забите, и придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витамин Д3 – придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и фосфорот, за одржување нормални коски и заби и за одржување нормална функција на мускулите.

Витамин Б2 – придонесува за одржување нормалнa кожа и мукозни мембрани, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Биотин – придонесува за одржување нормални коса, кожа и мукозни мембрани. Витамин А и нијацин – придонесуваат за одржување нормалнa кожа и мукозни мембрани.

Бакар – придонесува за одржување нормални сврзни ткива, за нормална пигментација на кожата и косата и за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Цинк – придонесува за одржување нормални коски, коса, кожа и нокти, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Пакување: 500 мл

Содржина

Состав: комплекс од течен хидролизиран колаген од риба (тип I), хијалуронска киселина, витамини и минерали (витамин Ц, витамин Б3, цинк глуконат, витмин Б5, витамин Б2, витамин Б6, бакар глуконат, витамин А, биотин, витамин Д3).

Употреба:

Еднаш дневно по 30 мл, препорачливо е да се зема навечер пред спиење. Се зема нерастворено или по потреба може да се раствори во половина чаша вода.

По отворањето колагенот Collacare треба да се чува во фрижидер. Да се употреби во рок од 30 дена по првото отворање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се