SOPHIE LA GIRAFE Топчиња и коцки (3+м)

Опис на производот
SOPHIE LA GIRAFE Balles & Cubes - Топчиња и коцки.
- Наменето за деца 3+ месеци
- Изработена од 100% природна гума
- Лесни и едноставни за ракување
Овие топчиња и коцки, изработени од 100% природна гума, ќе му овозможат на вашето бебе да ја развие својата умешност.
Вашето бебе може да ги усоврши своите моторни вештини преку играње, фаќање и фрлање на топчињата и коцките. Различните тродимензионални декорации на секоја од коцките и топчињата го развиваат сетилото за допир, а светлите бои помагаат за стимулирање на видот. Бидејќи се изработени од 100% природна гума, безбедни се за џвакање.
Пакување: 2 топчиња и 2 коцки со ликот на жирафата.
Содржина
Состав: 100% природна гума
Начин на одржување:Производот не се стерилизира. Се препорачува чистење на површината со влажна крпа и благ сапун. Внимателно проверете го производот пред употреба, особено ако детето има заби. Повлечете го производот во сите правци и фрлете го при првите знаци на оштетување. Не го изложувајте на сончеви зраци или други извори на топлина.
Предупредување: Деталите и боите на производот може да варираат. Пред употреба отстранете го пакувањето. Чувајте ги упатствата бидејки содржат важни информации.